8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗапочна предизборната кампања, политичарите ветуваат дека ќе тече мед и млеко !!

Започна предизборната кампања, политичарите ветуваат дека ќе тече мед и млеко !!

Зоран Заев како носител на четвртата изборна единица, Христијан Мицкоски шпицен кандидат за мандатар– лидерите на двете најголеми партии ја започнаа трката за премиерската позиција.

Од утринава претседателите и носителите на изборните единици,одржуваат средби со нивните симпатизери.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на првиот ден од кампањата одржа трибина во родната Струмица. Оттаму потсети на досега сработеното во евроатлантските интеграции, економските проекти во корона кризата и идните планови. Но, не изостанаа и критиките за неговиот опоненет.

ВМРО ДПМНЕ традиционално го почнува предизборието вечерва во Охрид каде што ќе обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Партискиот потпретседател, кој воедно е и носител на двојка, Владо Мисајловски, ветува дека ќе води позитивна кампања со акцент на борба со корупцијата и со понуди за економско подобрување. И тој ја искористи приликата за споредба со владејачката партија.

„ Мора да се стави крај на корупцијата и криминалот на Заев, Спасовски, а овде во Ѓорче Петров на Наумовски. Ќе продолжам со позитивна кампања. Јас не можам да размислувам за црни работи. Јас ќе зборувам за колку ќе бидат повисоки платите, пензиите, ќе зборувам за инфраструктура. Да се натпреваруваме со проекти, а не со подметнување на црни сценарија“, вели Владо Мисајловски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

На овие избори ќе учествуваат 15 коалиции и политички партии. Иако поради специфичните околности нема да има големи митинзи, средби со граѓани ќе има, а од партиите ветуваат дека ќе ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...