9.1 C
Ohrid
среда, октомври 21, 2020
Почетна Македонија Кирил Пецаков: Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен...

Кирил Пецаков: Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого.

Translate (Eng):[gtranslate]

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого. Системот во Република Македонија изминативе четири години, не само од здравствен аспект, туку и од сите други области е колабиран. Коронавирусот откри дека состојбата со здравствениот систем во Македонија е поразителна.

Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:

Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното здравство;

РЕКЛАМА

Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата;

Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон поквалитетни услуги за пациентите;

Нулта корупција во здравството;

Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;

Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.

Оттука, клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија се:

Воспоставување на концептот на Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем.

Формирање на тело на Националниот координатор за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите.

Модернизација, функционална интеграција и реконструкција на здравствените центри во целата држава.

За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери.

Со цел да го задржиме медицинскиот кадар во Македонија и во јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да им обезбеди на лекарите и стоматолозите достоинствени примања и современа, континуирана медицинска едукација по најдобрите светски стандарди.

Се обврзуваме и ветуваме екстензивно инвестирање во здравствениот систем. Охрид и Република Македонија мора да имаат потполна верба во јавното здравство.

Затоа на 15 јули изборот е едноставен и јасен.

Да го одбереме бројот 14 за обнова на здравството.

14 за инвестиции во здравството чиј главен фокус се пациентите.

14 за обнова на Охрид и Македонија.

- Реклами -