9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветВо Велика Британија почна имунизација на доброволци со нова вакцина против коронавирусот

Во Велика Британија почна имунизација на доброволци со нова вакцина против коронавирусот

Во Велика Британија почна имунизација на доброволци со нова вакцина против коронавирусот, јавија локалните медиуми.

Околу 300 лица во наредните недели ќе добијат дози од вакцината, како дел од истражувањето предводено од професор Робин Шаток и неговите колеги од Империал Колеџ Лондон.

Тестирањата врз животни покажале дека вакцината е безопасна и предизвикува ефективен имунолошки одговор. Многу традиционални вакцини се засноваат на ослабена или модифицирана форма на вирусот или делови од него, но вакцината на Империал Колеџ се заснова на нов приод со кој се употребуваат синтетички нишки од генетски код, наречени РНК, кои го имитираат вирусот.

По првата фаза, се планира уште едно тестирање во октомври, во кое ќе учествуваат 6.000 луѓе. Екипата на Империал Колеџ се надева дека вакцината ќе биде готова за дистрибуција во Велика Британија и во странство на почетокот од 2021 година.

денешен

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...