7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗибери до Филипче: Прекини да ја злоупотребуваш владината говорница за изборни препукувања

Зибери до Филипче: Прекини да ја злоупотребуваш владината говорница за изборни препукувања

Откако пред неколку денови директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери истакна дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите за да дојдат иселениците да гласаат за Албанец премиер, реагираше министерот за здравство Венко Филипче кој најави негова смена од директорската позиција.

„Ќе се консултирам со правни лица и ако постои можност уште денеска Зибери ќе биде сменет на местото директор на Центарот за јавно здравје. Неговата изјава е политичка и несреќна – истакна Филипче.

По изјавата на првиот човек во здравството, „Фокус“ го контактираше директорот на Центарот за јавно здравје, кој му порача на министерот да престане да ја злоупотребува владината говорница.

„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук профил да имам и политички ставови, при тоа во ниту еден момент злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам како што за жал прави министерот – вели директорот на ЦЈЗ.

Тој е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...