10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаРесенчани во неверување и тага: Денес згасна животот на 40-годишниот Илчо кој...

Ресенчани во неверување и тага: Денес згасна животот на 40-годишниот Илчо кој беше позитивен на Ковид-19

Илчо беше млад човек, спортист, вработен како келнер во локален објект, сопруг и татко на две малолетни деца, беше помеѓу првите регистрирани случаи на Ковид-19 во општината, пред околу две недели.

Но за жал вечерва на 40-годишна возраст, во скопската градска болница 8-ми септември почина ресенчанецот кој боледуваше од Ковид19, а за чие заздравување на социјалните мрежи за бараше крвна плазма. Оваа вест вечерва беше споделена во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жителите на Ресен и Преспа.

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел,с екогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. .Жалоста е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели последниот поздрав објавен во групата.

Инаку, докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен, кој беше споделуван деновиве на социјалните мрежи, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Но, веројатно крвната плазма не била доволна за зачувување на овој млад живот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...