10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветХашим Тачи обвинет за извршени воени злосторства -ја откажа постетата на Вашингтон

Хашим Тачи обвинет за извршени воени злосторства -ја откажа постетата на Вашингтон

„Претседателот на Косово штотуку не извести дека го откажал своето патување во Вашингтон Д.Ц по објавувањето на Канцеларијата на специјалниот обвинител“, напиша Гренел на Твитер.

Тачи требаше да отпатува за Вашингтон подоцна оваа недела за првиот круг разговори со Србија за нормализирање на односите со посредство на Белата куќа.

„Ја почитувам неговата одлука да не присуствува на разговорите сè додека не се решат овие правни прашања“, рече тој, додавајќи дека состанокот ќе се одржи во сабота како што било планирано и на него ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Абдалах Хоти.

Канцеларијата на специјалниот обвинител за воени злосторства во Косово во Хаг објави дека поднела обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото против косовскиот претседател Хашим Тачи и „други лица“.

Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели, командант на контраразузнавачката служба за време на војната во Косово во доцните 90-ти и моментално лидер на косовската опозиција, а другите осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.

Досега ниту еден од главните водачи на ОВК не е осуден за воени злосторства.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...