9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија„Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“ - Закани...

„Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“ – Закани до Боки 13 и адвокатот додека давале исказ во ОЈО

spot_imgspot_img

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев?!, ова денеска преку прес-конференција го прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите! Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава. Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат. Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите. Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.
Зошто се остава толку простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ?! Животот на Боки 13, единствениот човек кој беше главен извршител во случајот Рекет, кој само пред неколку дена од суд кажа каде завршиле парите од истиот тој Рекет е загрозен, а со тоа се загрозува и целата постапка, но и е ставена во опасност вистината, вели Стоилковски.

Тој додава дека ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт. На криминалот мора да му се стави крај. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...