9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИзненадувачки добар гест на грчкиот црковен сајт – објавена вест за...

Изненадувачки добар гест на грчкиот црковен сајт – објавена вест за изборот на Партениј за епископ.

Изненадувачки добар, позитивен и коректен текст осамна на насловната страница на еден од највлијателните грчки црковни сајтови „Ромфеа“, за изборот на Отец Партениј за викарен епископ на МПЦ-ОА. Ова текст на грчкиот црковен сајт се оценува како одличен гест и е за поздравување.

Во текстот насловен „За епископ е избран игуменот на манастирот Биргорски, Партениј“, се споделени и неколку фотографии од избоорот на Партениј во Синодот на МПЦ-ОА, но и од неговиот пречек во Бигроскиот мансатир.

За потенцирање е фактот дека во текостот нема никаков негативен контекст, туку напротив за Партениј се користи формулацијата епископ и игумен кој има и одржува одлични релации со Вселенската патријаршија и со владиците на грчката црква.

– Да се забележи дека новиот Епископ и Игумен на Бигорскиот манастир еден временски период престојувал под духовното раководство на блаженоупокоениот Старец Георгиј Капсанис, Игумен на манастирот „Свети Григориј“ на Света Гора. Исто така, г. Партениј одржува одлични врски со Светогорци и Јерарси, како од Вселенската патријаршија, така и од Грчката црква. Трогателен беше моментот кога братството и духовните чеда на Игуменот, му приредија срдечен пречек на својот Старец, веднаш после неговиот избор за Епископ, , пишува во текстот на „Ромфеа“.

Во останатиот дел текстот има информативен карактер, односно дека: „Светиот синод на таканаречената „Македонска православна црква“ неодамна избра Епископ, Игуменот на Светиот манастир Бигорски. Поточно, по предлог на митрополитот Дебарски, Тимотеј, игуменот Партениј беше избран за Помошник епископ на Митрополијата.“

Во текстот е наведен и податокот за титулата која ќе ја носи Отеце Партениј, како епископ Антаниски, но и датумот на неговата закажана хиротонија на 12 јули во Црквата Света Софија во Охрид.

religija

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...