14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаУште тројца здравствени работници вчера даруваа крвна плазма.

Уште тројца здравствени работници вчера даруваа крвна плазма.

Уште тројца здравствени работници вчера даруваа крвна плазма. Мирјана, Јадранка и Исмаил од Општата болница во Куманово, по закрепнувањето од ковид-19 даруваа конвалесцентна плазма за лекување на пациентите од корона вирусот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

-Ние го имаме лекот во нас и треба да го искористиме. Антителата со текот на време ослабуваат, подобро да помогнеме на некого, ќе се чувствуваме подобро како луѓе. Апелирам до сите мои сограѓани, а ги има во голем број, Куманово беше жариште на вирусот, да го сторат истото што побрзо. Сега треба да се мобилизираме во што поголем број. Да помогнеме на заболените и на здравствениот систем. Да не заборавиме низ што поминавме и со колку неизвесност и страв чекавме дали болеста ќе прогресира или ќе оздравиме. Ги охрабрувам дека ова е единствениот начин да се оддолжиме за сѐ што беше направено за нас за да ја победиме болеста“, вели медицинската сестра Јадранка. Таа вчера во Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма, која претставува најефикасниот лек против корона вирусот, напиша Филипче на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...