7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЧулев му одговори на Заев: Законите важат за сите исто, па и...

Чулев му одговори на Заев: Законите важат за сите исто, па и за тебе

Постапувањето во согласност со законите и нивната неселективна примена се основните темели на моето работење во Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници имаат право да ги повикаат на разговор сите лица за кои постојат индиции дека сторил кривично дело и тоа ниту е мој избор, а ниту моја одлука. Уште повеќе доколку тие индиции се поткрепени со материјални докази, аудио или видео снимки.

Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев.

Правда за граѓаните мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил, особено доколку со тоа го оштетил буџетот на државата. Можеби во техничката влада правдата е поспора, но ги убедувам граѓаните дека после 15-ти јули конечно институциите ќе почнат да функционираат во целост и Министерството за внатрешни работи ќе отпочне засилена борба против криминалот и корупцијата. Функционално Министерство за внатрешни работи кое безусловно и максимално посветено ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата е едно од најважните прашања кои граѓаните очекуваат да се реши, но и услов за интеграција на државата во ЕУ и јас цврсто ќе застанам позади реализацијата на оваа заложба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...