16 C
Ohrid
четврток, октомври 29, 2020
Почетна Македонија Мизерија: Три жени среде бел ден крадат засаденo цвеќe во Кичево. (Видео)

Мизерија: Три жени среде бел ден крадат засаденo цвеќe во Кичево. (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

На социјалните мрежи се рашири видео снимено од безбедносни камери каде се гледа како три жени крадат цвеќе. Во коментарите се вели дека жените цвеќето го корнат од двор на фирма во Кичево, каде застанале да направат пауза.

„Цвеќињата кои ни го красат дворот на претпријатието во Кичево, каде денес направивте одмор-пауза чинат по 150 денари. Дно, да се засрамите“, е коментарот под сликите.

Во видеото е смешно,што кога ќе им пријдат момчиња да ги прашат нешто, трите жени го затскриваат искорнатото цвеќе, притоа не гледајќи дека камерата ги снима.

РЕКЛАМА

Под сликата и видеото има над 300 коментари меѓу кои „срамота“, „да се казни“, „ќе ти овене цвеќето“, „простотилук“ како и „нас скопјанките во Охрид стално ни крадат цвеќе, лани фатив една во двор“..

Погледнете што се случува:

извор: ммс

- Реклами -