10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден пред точно 19 години, на само 21 години ОЛИВЕР...

На денешен ден пред точно 19 години, на само 21 години ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ, припадник на ЕСЗ Тигар, им подлегнува на раните здобиени во битката за Арачиново.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН (28.06.2001 – 28.06.2020)

На денешен ден пред точно 16 години, на само 21 години ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ, припадник на ЕСЗ Тигар, им подлегнува на раните здобиени во битката за Арачиново.

БИОГРАФИЈА

Оливер Китановски е роден на 24 мај 1980 година во Башино Село на само пет километри од Велес. Од Татко Мирко и мајка Љупка. Се роди во Македонија кога беше мир, растеше и живееше убаво и весело детство. Ја живееше својата младост. Беше одличен ученик, осмолетка заврши во Велес, а потоа продолжува во Скопје на средно полициско училиште во Идризово. По завршувањето се вработува во Специјалната единица Тигар. Оливер си ја сакаше професијата и се радуваше за сите извршени задачи. Судбината си поигрува, во наметната војна тој застанува на првите борбени линии со своите колеги во кризните региони, почнувајќи од Танушевци преку Брест, Шар Планина, Матејче, Слупчане, Опае до Арачиново. На 23 јуни 2001 година во приквечерие тешко е погоден од граната на гробиштата помеѓу Арачиново и Брњарци. По трагичниот настан пренесен е во државна болница во Скопје. Приклучен на медицински апарати, извршена е операција. Лекарите се борат за неговиот живот но состојбата од тешките повреди се влошува, згаснува неговиот живот на 28 јуни 2001 година. Згасна неговото храбро и силно срце во цветот на младоста. Загина нашиот син, брат и вујко. Син Македонски. Пред олтарот за слободата на својот народ. Бранејќи ја својата татковина го положи прерано својот живот за Македонија.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...