13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Картичка со ''Купувам домашно'' ќе добијат и пензионерите.

Шекеринска: Картичка со ”Купувам домашно” ќе добијат и пензионерите.

Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Дебар.
– Како што успеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и минималната плата на крајот на нашиот мандат ќе изнесува 20.000 денари, а заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари. За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон нашите компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции – нагласи Шекеринска.
Таа истакна дека во периодот на најтешката пандемија, СДСМ покажал дека знае да обезбеди силна здравствена заштита и нагласи дека обезбедиле 550 милиони евра само во трите сета економски мерки и не дозволиле да запрат и да се заклучат многу фирми.
– Со четвртиот пакет предвидуваме кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да ги прошириме и да опфатат уште 2 групи и тоа невработени лица, кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и втората категорија ќе бидат сите пензионери, со пензии под 15.000 денари – најави Шекеринска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...