13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПродолжува ли полициската бруталност или линч, спрема одредени лица во државата?

Продолжува ли полициската бруталност или линч, спрема одредени лица во државата?

Заканите и уцените од поединци од СВР Охрид Наумоски трпи и покрај судскиот спор кој во моментов се води.

-Закани и уцени добивам континуирано од истите лица од СВР, но се ескалира на 27 април се раскажува Наумоски.

Настанот на 27 април за кој адвокатот Мишел Наумоски тврди дека неговиот клиент буквално беше „киднапиран“ од полициски службеници, малтретиран и омаловажуван, со уредна дозвола за движење која лесно може да се провери дека е веродостојна , за брзо врме ќе добие и судска разврска. Во тек се рочиштата кои ги поднесе Наумоски за неколку кривични пријави против поедини полициски службеници врз основа на документацијата, видео снимките и сведоците. Голем дел од документацијата адвокатот Наумоски се одлучи да ги презентира директно пред ОЈО Охрид , со цел како што вели да ги заштити од влијанија сведоците кои ќе произлезат понатака по постапката.

Но и адвокатот и самиот неговиот клиент Антонио Наумоски велат дека и покрај тоа што, угледот и честа ќе ја бранат преку институциите, сепак додаваат дека сеуште Антонио трпи класична репресија од поединци од СВР Охрид. Постојат индиции дека ќе се продолжи прогонот со кривична пријава која има за цел да го дискредитира со оглед на местото и работата која ја извршува на начинот што му се руши угледот и честа и покрај тоа што постојат несоборливи писмени докази.

Се оди до таму што некој се обидува да создаде лажна претстава дека Наумоски ја злоупотребил дозволата за напречено 24 часовно движење за време на поциски час на 27.04.2020 во 21.50, и покрај тоа што Наумоски согласно овластувањата и врз основа на неговото учество во кризниот штаб формиран во општата болница , тој ден во тој период одел на работното место во општата болница, што многу лесно се докажува.

Инаку, велат дека секоја вистина има две страни и ред е да се слушнат двете, но сепак која од нив е точна ќе се дознае за брзо по завршувањето на судскиот спор. Дали одредени полициски службеници, ја злоупотребија својата службена положба и овластување, или пак Наумоски својата дозвола, ќе дознаеме за брзо.

За потсетување, Во полицискиот извештај од СВР Охрид стои дека на 27.04.2020 во 21.50 часот, на бул.„АСНОМ“ во Охрид, А.Н.(40) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејства. Тој е приведен, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Антонио пак раскажува детали за целиот настан. Тој вели дека подолго време трпи закани од одредени поединци од СВР Охрид, кои сакаат да му го нарушат угледот. Тој раскажува што се счучило таа вечер.

Вели дека се упатил кон работното место кое согласно закон го извршува и согласно овластувањата кои ги има добиено од закон и врз основа на неговото учество во кризниот штаб формиран во општата болница околу 21 часот во општата болница. Него му го попречиле движењето полициски службеници со полициско комбе, при што бил легитимиран, на што уредно доставил дозвола за движење во време на полициски час.

При тоа тој бил задржан 25 мин без да му се каже зошто е задржан. Му било објаснето дека се проверува дозволата дали е легитимна. Но, според Наумоски откако му била вратена доволата бил навредуван, претресен по што бил и лишен од слобода, поточно ставен бил во полициско комбе во кое бил држен 45 минути без да биде известен зошто е приведен. При тоа му биле одземени телефоните и не му било дозволено да се јави да повика адвокат.

Додека тој бил носен во полициска станица неговиот автомобил бил оставен отворен на ул АСНОМ со клучеви на неа и сите лични документи и лични предмети во неа.

Адвокатот на Антонио, Мишел наумоски вели дека нековиот клиент трпи класична репресија од поединци од СВР Охрид.

-Ова репресија врз него трае веќе неколку години и е презентирана врз разни форми, а насочени се кон рушење на бизнисот но и нарушување на неговиот углед, категоричен е Наумоски и додава:

– Имаме поднесено неколку кривични пријави против поедини полициски службеници врз основа на документацијата, видео снимките и сведоците, но бидејќи не веруваме во тој систем само дел ќе ги презентиравме пред МВР, а другите во текот на постапката ќе ги презентираме пред ОЈО Охрид заштитувајќи ги од влијанија сведоците кои ќе произлезат понатака по постапката, вели Наумоски.

Извор: Охрид1

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...