11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветЖителите во паника - По коронавирус им се појави чума

Жителите во паника – По коронавирус им се појави чума

Монголските власти воведоа карантин во градот Ковд и околината, бидејќи се појави чума во земјата. Двајца луѓе во тој град биле тестирани позитивно за бубонска чума.

Според монголските епидемиолози, тие се заразиле со јадење месо од мрмот. Монголските медиуми објавија дека станува збор за 27-годишен маж и помлада жена.

Епидемиолозите најавија дека ги следат контактите на двајцата заразени, кои биле во директен контакт со 146 лица и со уште 504 со кои биле во индиректен контакт, пренесува Спутник.

Нивните примероци во моментов се анализираат за да се утврди дали имаат чума.

Во околината на овој град на западниот дел на Монголија, чумата избувна и минатата година, поради што Русија ја затвори границата со Монголија.

Појавата на чума во Монголија е поврзана со употребата на месо од мрмот, а досега се регистрирани две жртви на оваа инфекција во земјата.

Бубонската чума остана во темно сеќавање ширум светот, затоа што однесе животи на повеќе од 50 милиони луѓе во Европа во 14 век.

Според податоците на Светската здравствена организација, од 2010 до 2015 година, во светот се регистрирани 3.258 случаи на чума, со 584 мртви.

Денес, чумата успешно се лекува со антибиотици.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...