13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЛихвари од Охрид и Скопје му дале 4.000 евра заем на 65...

Лихвари од Охрид и Скопје му дале 4.000 евра заем на 65 годишен Скопјанец, па потоа со сила сакале да му го одземат станот

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје поднел кривична пријава против 33 годинишен Охриѓанец и 31 годишен Скопјанец, поради постоење основи на сомнение дека на 29 јуни годинава, поради наводен долг од 4.000 евра, врз В.П., која има 65 години и е од Скопје, извршиле кривично дело „Самовластие“ казниво по член 392 од КЗ.

„На кривично правниот настан претходеле должничко доверителски проблеми, така што оштетениот од пријавените зел 4.000 евра, за што залог требало да биде неговиот стан.

Бидејќи оштетениот не го ставил станот како залог, а и ги немал паричните средства кои ги должел, на 29.06.2020 околу 10.00 часот, во близина на зградата каде што живее во насеба Автокоманда, бил пресретнат од пријавените и со возило бил однесен во паркот Гази Баба, каде околу час и половина бил психичи и физички малтретиран, по што заминале во домот на оштетениот, каде пријавените продолжиле физички да го малтретираат и му се заканиле по неговиот и животите на членовите од негово семејство“, се вели во соопштениетпо од МВР.

Од насилниците, едниот сам се пријавил во полиција, а другиот избегал, и по него е распишана централна потерница.

Пишува: МВР

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...