4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАнкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

Анкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6, јави А1он.мк.анкета 1

– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%, пишува А1он.мк.

анкета 2

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...