8.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАнтикорупциска ќе бара одговорност од Венко Филипче: Возел донирано возило од Кина...

Антикорупциска ќе бара одговорност од Венко Филипче: Возел донирано возило од Кина за партиски собири на СДСМ

Државната комисија за антикорупција утврди дека Венко Филипче, министерот за здравство, со возило донирано од Кина учествувал на партиски собир на СДСМ и коалицијата во Штип. Приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се прифаќа со мерка барање одговорност што во рок од 15 дена ќе се достави до Владата, од која ќе се бара иницијатива за утврдување на одговорност од министерот за здравство

Возилото претходно било во сопственост на Агенција за разузнавање, но по препораките од НАТО дека треба да внимава и да се ослободи од донации од „држави од ризик“, патничкото моторно возило е отстапено на Министерството за здравство со договор од 03.04.2020. Агенцијата на министерството му го отстапил автомобилот со скопска регистарска табличка на една година.

– Наведеното возило веќе го користи министерството и било користено во Штип на настан на СДСМ и коалицијата. ДКСДК на ден 06.07.2020 се обрати до министерството и од таму ни беше кажано дека возилото било користено од министерот на 28.06.2020 на промовирањето на програмата „Можеме“ во Штип. Од министерот ни беше кажано дека имал работни задачи од своја надлежност, но и учествувал во промоција на програмата „Можеме“, беше констатирано на денешната седница на ДКСК.

Антикорупциска утврдила дека на настанот во Штип немало агенти со службеното возило.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...