13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветПотресно Видео: Тато ова е за тебе затоа што не те ставија...

Потресно Видео: Тато ова е за тебе затоа што не те ставија на респиратор

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во земјата поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, голем број на граѓани се собраа на протест во Белград.

Синоќа беше бурно во српската престолнина, илјадници демонстранти се судрија со полицијата и дури упаднаа во зградата на Собранието откако Вучиќ најави повторно воведување на полициски час во државата.

Запалени полициски автомобили, камења, солзавец и пендреци на сите страни, Белграѓани до раните утрински часови протестираа против српската власт, а во морето на потресни сцени, исплива видео како потенцијален симбол и реченица која долго ќе се изговара – „Тато, ова е за тебе“.

За време на демонстрациите пред Собранието на Србија, во програмата на Н1 „упадна“ еден од демонстрантите и испрати потресна порака која во истиот момент стана вирална и еден вид на симбол на протестите.

„Солзавец, боева муниција и пендреци на голораката младина. Тато, ова е за тебе. Почина, а немаше респиратори. Многу те сакам, ова е за тебе и за мојот син кој се роди“, изјави демонстрантот.

Репортерката на Н1 го праша од што починал неговиот татко, а тој одговори:

„Се уште не сум добил потврда. Не ги добив тестовите дека почина од корона. Во земунската болница немаше респиратори, а само зборуваа дека дури и донираме респиратори. Знам дека би бил горд на мене“, изјави тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...