ВМРО-ДПМНЕ не е решение за граѓаните затоа што мисли само на себе, крадат и се закануваат, рече Оливер Спасовски, од Шуто Оризари каде ја презентираше програмата на коалицијата „Можеме“.
Носителот на втората изборна единицата, Спасовски, ги повика Ромите да се обединат против оние кои најавуваа „тегнење за уши“ и се мајтапеа со ромскиот јазик.
„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ве повикувам вас Ромите во целата држава да се обедините против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик, ‘тегнеа за уши, планираа ‘пиштење – вриштење’, ‘семејства во ендек’. Пред четири години во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не смееја ни да зборуваат, денес е слобода. ВМРО-ДПМНЕ е опасност“, рече Спасовски.
Тој посочи дека по членството во НАТОследува отворање и на преговорите со ЕУ, а од европските фондови со тоа ќе се обезбедат 2,5 милијарди евра за државата.
„Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, патишта, водоводи“, рече Спасовски.