5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНова аудио бомба: Заев бара повлекување на финансова полиција од Струмица, знаел...

Нова аудио бомба: Заев бара повлекување на финансова полиција од Струмица, знаел дека Шилегов правел криминал

На социјалната мрежа „ЈуТјуб“ се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во врска со неговото политичко делување.

Според она што може да се слушне, шефот на СДСМ зборува за неговите услови за да се „договори“ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, барајќи му противуслуга за да не објавува од нелегално прислушкуваните разговори за него.

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

ХХ: Значи Сашо спремен е за договор. Сашо.

Зоран Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

ХХ: Еве јас ако ти ветам дека ќе…м?

Зоран Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Зоран Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во општина Струмица.

ХХ: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Зоран Заев:…на контрола

ХХ: На контрола. На контрола врз општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Зоран Заев: Се е регуларно, се е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлеечат се…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат се со решение.

ХХ: Добро.

Зоран Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

ХХ: Шилегов?

Зоран Заев: Маваше.

ХХ: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Зоран Заев: Неам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.

Извор: Инфомакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...