8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПо бурните реакции на јавноста, Јоксимовиќ нема да настапи на Охридско лето!

По бурните реакции на јавноста, Јоксимовиќ нема да настапи на Охридско лето!

Откако вчера за ,,Фокус” потврдија дека балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ ќе гостува на фестивалот Охридско лето, на седми август, и како неговиот настап бил договаран уште пред почетокот на пандемијата со Ковид-19, денес од ФОЛ излегоа со ново соопштение.

Според директорката Наташа Поповиќ, Жељко Јоксимовиќ нема да настапи на фестивалот, и со него не бил потпишан договор, туку биле направени само првични договори.

По бурните реакции во јавноста, посебно од страна на нашата естрада, која негодуваше поради гостувањето на Јоксимовиќ, во време кога наши музичари се на раб на егзистенција поради панdeмијата, и обвинуваше дека се даваат народни пари на странски пејачи, Поповиќ со отворено писмо информира дека тој сепак нема да настапи во Охрид.

Во прилог, писмото од директорката:

-Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал нацрт верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија искажувајќи револт и бес без притоа да пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија а се врвни уметнички имиња. Нема да судиме ниту да бараме причина зошто некој пред почетокот на ова јубилејно издание сакаше да ја омаловажи успешната традиција на највредниот фестивал кој го имаме. Остануваме посветени на финалните подготовки за почетокот на Фестивалот кој годинава поради пандемијата Ковид 19, ќе биде на 4 август. Јавноста за брзо време ќе биде известена кои музички имиња и театарски претстави ќе го одбележат Охридско лето 2020 година. Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот.

Повторувам преговорите беа Јокcимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот. Што се однесува до бројните коментари кои ги преплавија социјалните мрежи деновиве, сметам дека она што за многумина овој концерт беше естрада е само нивно лично незадоволство. Концертот насловен како „Два света“ со симфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија, за познавачите на уметноста има вредност.

Жалиме што Охридско лето изминативе денови беше сцена на разни препукувања во време кога големи светски фестивали поради Ковид 19 се откажуваат, успеавме да направиме програма со која ја продолжуваме успешната традиција на Охридско лето. Ќе направиме се нашата најпрестижна манифестација и оваа година да биде сцена за најуспешните и најдобрите секако почитувајќи ги препораките добиени од Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и насоките на Министерството за култура – пишува Наташа Поповиќ.

Вики Клинчарова Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...