9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаРадмила Шекеринска: Дурловски влезе во Собранието да ме убие, а сега се...

Радмила Шекеринска: Дурловски влезе во Собранието да ме убие, а сега се плаши да дебатира со мене

Носителката на СДСМ во Пететата изборна единица, Радмила Шекеринска, уште еднаш беше сама на дебата, затоа што нејзиниот главен ривал, Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ не се појави.

„Не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие или да организира други да направат кривични дела. На вакви покани за емисии доаѓаме поради граѓаните и ова што не дојде е поради тоа што тој никаде не се појавува каде што може да добие прашања“, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска за неприсуството на нејзиниот противкандидат Игор Дурловски во емисијата „Само вистина“.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не објавува кои општини ќе ги посети нивниот кандидат Дурловски.

„Очигледно тој бега од секој што може да му постави прашање. ВМРО-ДПМНЕ си го крие својот кандидат кој што единствен начин да дебатира му беше да испрати луѓе за тепање. Луѓе од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека за тоа хушкање за насилствата од 27-ми април, тој и уште двајца соработници добиле 200 илјади евра“, рече Шекеринска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...