14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанец со секира ја нападнал сопругата додека спиела, но по неколку часа...

Скопјанец со секира ја нападнал сопругата додека спиела, но по неколку часа полицијата го пронашла мртов во нива !!!

Скопјанец утрово околу 6 часот ја нападнал сопругата со секира додека спиела во нивиот дом во населбата Дрма, а по неколку часа бил најден мртов во нива, информира МВР.

Според пријавата во СВР Скопје, откако ја нападнал жената, напаѓачот со возило заминал од дома. Жената која била на возраст од 57 години била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Околу 10 часот било пријавено дека во нива во населбата Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, напаѓачот бил најден починат со повреда на вратот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...