7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветСе барa потеклото на вирусот: СЗО испраќа експерти во Кина

Се барa потеклото на вирусот: СЗО испраќа експерти во Кина

Експерти на Светската здравствена организација во следните два дена ќе престојуваат во Пекинг за да ги постават темелите за една поголема мисија чија цел е да се истражи потеклото на коронавирусот во Кина.

Еден ветеринар и еден епидемиолог утре и задутре во Пекинг ќе се обидат да го утврдат опсегот и задачите на идната мисија чија цел ќе биде да се утврди како вирусот од животно преминал на човек, соопштија од СЗО.

Научниците засега веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа преку друг цицач преминал на човек на пазар за свежа храна во Вухан кон крајот на минатата година.

Досега се појавија разни теории околу потеклото на вирусот и мисијата на Светската здравствена организација би требало да разјасни многу работи.

Една од теориите исто така е дека вирусот настанал вештачки, односно дека бил создаден во Институтот за вирологија во Вухан, од каде што поради безбедносен пропуст се заразиле луѓе, по што заразата се проширила низ целиот град.

Извор Tocka.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...