6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаССМ: Саботите и неделите да бидат неработни, а породолното да трае 12...

ССМ: Саботите и неделите да бидат неработни, а породолното да трае 12 месеци.

Пократка работна недела, подолго породилно отстуство, договори на определено време само во исклучителни услови, враќање на старосна пензија по остварен стаж, но и по дејност. Синдикатот ги испорача своите барања за заштита на работниците до новата Владата, која ќе се формира по изборите. Велат дека новиот закон ги содржи европските и светски тенденции во работата.

„Се залагаме за договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до една година, 38 часовна работна недела, породилно отсуство во траење од 12 месеци, доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД, целосно остварување на правото на годишен одмор, сабота и недела денови на неделен одмор, унапредување на здравите и безбедни услови за работа во компаниите“, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Работниците извршуваат различни задачи по тежина, затоа Синдикатот ќе се залага и за воведување повеќе услови за пензионирање. Правото кој начин ќе го изберат да биде на самиот работник.

„Затоа е потребно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на градежен работник, на текстилен работник, на рудар од оној работник на пример што е вработен во администрација. Доколку се утврдат различни услови на пензионирање тие ќе бидат со право на избор на работниците, а не задолжителни, од волјата на работникот ќе зависи под кои услови ќе сака да се пензионира“, додава Димовски ССМ.

Синдикатот пресметал и дека за задоволување на основните месечни потреби на едно четиричлено семејство му се потребни 33.500 денари. Ако двајцата сопружници земаат минимална плата од 14,500, значи не можат да си ги задоволат ниту минималните услови за живот. Затоа Синдикатот ќе бара загарантираната плата да изнесува најмалку 60% од просечната, по текот на европските држави.
Сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...