10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска од Дебарца: Ние им донесовме вода на Дебрчани после 14 години.

Шекеринска од Дебарца: Ние им донесовме вода на Дебрчани после 14 години.

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 – Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје каде што изјави дека после 14 години ветување најпосле се решил проблемот со водоснабдување.

– Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје, но и на Слатински чифлик. После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца, но и со средства од Владата. Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.
Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани – рече Шекеринска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...