5.2 C
Ohrid
вторник, март 2, 2021
Почетна Македонија Завршува изборната кампања, од полноќ започнува предизборниот молк

Завршува изборната кампања, од полноќ започнува предизборниот молк

Translate (Eng):[gtranslate]

На полноќ завршува изборната кампања. Почнува тридневниот изборен молк. Од утре до среда гласање. Довербата ја бараат 15 партии и коалиции…

На полноќ почнува предизборниот молк, кој ќе трае до среда до 21 часот, кога се затвораат гласачките места. Утре, први правото на глас од дома, ќе може да го искористат 716 граѓани што се болни од Ковид-19 или се во самоизолација.

Посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат ова гласање, се составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии. Во вторник ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во старските домови, во домашен притвор и затворениците.

РЕКЛАМА

На 15 јули, в среда кој е неработен ден, ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шест изборни единици, под посебни протоколи и мерки за лична заштита.

Во трка 1.578 кандидати од 15 партии и коалиции. Во избирачкиот список се запишани 1.814.263 граѓани со право на глас.

- Реклами -