7.8 C
Ohrid
четврток, март 4, 2021
Почетна Македонија Се гонат оние што објавуваат ЛАЖЕН ПОВИК - ПРЕШКРТАЈ СЕВЕРНА на гласачкото...

Се гонат оние што објавуваат ЛАЖЕН ПОВИК – ПРЕШКРТАЈ СЕВЕРНА на гласачкото ливче

Translate (Eng):[gtranslate]

Денес Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ,  следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави се недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение  за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле  до СВР СКОПЈЕ.

Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис превземени се соодветни мерки и активности, при што  направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател.

Полицијата реши да гони појави на лажно претставување и кршење на изборниот и кривичниот законик.

РЕКЛАМА

Имено, приврзаници на владешката партиј со свои, но и со лажни профили на Фејсбик и Твитер повикуваат гласачи на опозииона партија освен заокружување на бројот 14 на гласачкото ливче, да шкртнат Северна во називот на државата, или да допишат збор Никогаш на ливчето. Со тоа гласачкото ливче заокружено за опозициската партија би било неважечко. Оваа измама оди до таму што се користи и лого на опозициската партија за измамата да изгледа по автентично.

Граѓаните треба да знаат дека се заокружува само број пред името на партијата за која гласаат – и ништо друго, секој друг запис значи поништување на гласачкото ливче.

- Реклами -