9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија(Видео) Боже, дај им добрина на сите, па најпосле и на мене-...

(Видео) Боже, дај им добрина на сите, па најпосле и на мене- Атиџе со солзи радосници, пчеларите и подарија шест семејства пчели

spot_imgspot_img

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“, ова беше реченицата, која хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова ја кажа неодамна за mms.mk, а се однесуваше на оние, кои и ги украдоа пчелите. Оваа порака од  Атиџе сите не растажи, но како таа навистина се чувствува и колку ја боли душата за пчелите, вистински разбраа само пчеларите. По објавувањето на приказната во нашата редакција се јавија од три пчеларски друштва од Штип, кои сакаа да и донираат пчели на Атиџе, за да и ја надоместат штетата и да и ја вратат насмевката.

Човек секогаш се чувствува среќен кога помага некому, ама да и се помогне на Атиџе, која целиот живот со чиста душа го распосла пред јавноста, среќата беше преголема и кај пчеларите и кај нас, што пораката допрела до добри луѓе. Кога Атиџе слушна дека некој сака да и подари пчели се расплака од радост. Македонски медиа сервис го организираше превозот, бидејќи мораше да се оди со џипови. Освен пешки, со други возила до таму не може ни да се стаса. Заедно со пчеларите од трите друштва од Штип „Пчеларство Би-мед“, на Игор Костов, потоа „Пчеларство Лонгурови“ на Аксенче Лонгуров и „Пчеларство Миловски“, кои носеа шест семејства пчели, неодамна тргнавме да ја израдуваме Атиџе. Прочитајте повеќе тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот...