13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица ,како и лицата...

Денес беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица ,како и лицата кој издржуваат казна Затвор или им е изречена мерка Притвор,партиите со свои резултати!?

Денес беше спроведено гласањето на болни и изнемоштени лица ,како и лицата кој издржуваат казна Затвор или им е изречена мерка Притвор,за престојните предвремени парламентарни избори.Гласањето беше спроведено според препораките за заштита од Ковид 19.

Политичките партии кој имаат свои пратенички листи за предвремените парламентарни избори , добро го поанзаваат гласачкото тело и отприлика знаат како гласале болните и изнемоштени лица,како и лицата кој издржуваат казна Затвор или им е определена мерка Притвор,а неофицијално од партиски извори на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се дознава дека СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ во Изброна единица 5 по денешното гласање водат со некаде двојна предност пред ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, но сето тоа преставува исклучиво партиска аналитика на партиите,додека официјалните резултати ќе бидат познати утре вечер по завршувањето на гласањето , кога ќе се изврши и пребројувањето на гласовите на болните и изнемоштени лица како и лицата кој издржуваат казна затвор или мерка Притвор.

По Општини излезеноста на болните и изнемоштени лица како и лицата кој издржуваат казна затвор или мерка Притвор беше следна:

Во Битола од 214 пријавени лица за гласање од гореименуваната категорија, гласале 212, во Струга од 170 лица, правото на глас го оствариле 164 лица, во Ресен гласале сите 57 пријавени лица, во Вевчани и немало пријавени лица од категоријата граѓани кои гласале денес, во Дебрца гласале 27 од 28 пријавени лица.
10 лица помалку гласале во Крушево, биле пријавени 190 а правото на глас го оствариле 180, Кривогаштани гласале 67 лица од пријавените 67, во Маврово и Ростуше исто како и Ресен гласале сите 42 лица кои се пријавиле,
Во Дебар правото на гласо по категоријата лица кои гласаа денес, го оствариле 28 од пријавените 29 лица, во Центар Жупа гласале 4 од 4 пријавени лица. Во Демир Хисар од 285 лице кои се пријавиле да гласаат по категоријата граѓани кои гласале денес, правото го искористиле 257 лица, во Долнени 61 лица гласало од пријавените 67 а во Пласница од 66 пријавени лица, своето гласачко право го оствариле 64 лица.
Како и за вчерашниот ден, така и денес, во јавноста провејува и информацијата каква е рапсределбата на гласовите по политички партии,од една страна штабовите на политичките партии лицитираат со бројки, знаејќи ги свовите гласачи ,а од друга страна дефинитивните и конечни резултати ќе бидат познати во текот на утрешниот ден по завршување на изборниот процес.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...