8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветИстанбул - Христијанските икони ќе бидат покриени со завеси за време на...

Истанбул – Христијанските икони ќе бидат покриени со завеси за време на молитвите во Аја Софија

Мозаиците во истанбулската Аја Софија ќе бидат покриени со завеси или ласери за време на муслиманската молитва, објави во понеделникот портпаролот на турската владејачка Партија за правото и развојот (АКП), откако претседателот Таип Ердоган го претвори музејот во џамија.

Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители во времето кога нема молитви, а влезот ќе биде бесплатен, рече Омар Челик. Сè уште не е разјаснето како мозаиците ќе се покриваат со ласери.

Претседателот Таип Ердоган во петокот ја прогласи истанбулската Аја Софија за отворена за муслимански богослужби, откако судот донесе одлука дека претворањето на некогашната византиска црква во музеј во 1934 година било незаконско.

Одлуката предизвика критики и загриженост низ целиот свет, вклучително и во Грција, САД и Русија, како и во УНЕСКО и кај папата Франциско, кој рече дека го „погодила“ одлуката.

 

Челик на прес-конференцијата рече дека Светиот стол покажал најголемо непочитување кон Аја Софија во историјата. Тој рече дека православните христијани со години страдале како резултат на „латинската инвазија“ предводена од Ватикан во 13 век кога крстоносците ја ограбиле базиликата.

Американскиот Стејт департмент во петокот соопшти дека е „разочаран“ од одлуката на турската влада да го смени статусот на Aja Софија, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека „најостро ја осудува“ одлуката на Турција да ја претвори Аја Софија од музеј во џамија.

Грција порача дека одлуката ќе има последици врз односите меѓу двете земји и врските на Турција со Европската Унија.

Лидерот на екстремно десничарската италијанска партија Лига, Матео Салвини, го предводеше протестот пред турскиот конзулат во Милано.

„Ќе ја запрам секој вид финансиска помош за турскиот режим и еднаш засекогаш ќе ја окончам секоја претпоставка за влез на Турција во Европската Унија затоа што му дадовме повеќе од десет милијарди евра на режимот што ги претвора црквите во џамии и мислам дека ја преминаа границата“, рече тој.

УНЕСКО ќе го преиспита статусот на Аја Софија како светско наследство

УНЕСКО во петокот рече дека поради пренамената ќе го преиспита статусот на Аја Софија како светско наследство.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот изјави дека Анкара е изненадена од реакцијата на УНЕСКО и дека ќе го информира за понатамошните чекори што ќе бидат преземени во врска со Аја Софија.

„Ние мора да го заштитиме наследството на нашите предци. Функцијата може да биде ваква или онаква, тоа не е важно“, рече Чавушоглу за државната телевизија ТРТ Хабер.

Аја Софија, базилика од шестиот век што привлекува туристи од целиот свет поради својата архитектура, била претворена во џамија откако османлискиот владетел Мехмед Втори го освоил Цариград во 1453 година.

Била претворена во музеј во 1935 година, во раните денови на модерната секуларна турска држава под Мустафа Кемал Ататурк.

„Одлуката на владата од 1934 година, која ја оконча нејзината намена како џамија и ја дефинираше како музеј, не беше во согласност со законот“, се вели сега во пресудата на Државниот совет, највисокиот управен суд на Турција во Анкара, за едиктот потпишан од Ататурк.

Здружението што го иницираше случајот и правната битка долга 16 години тврди дека Аја Софија била во сопственост на отоманскиот султан Мехмед Втори, откако го освоил тогашниот Константинопол, денешен Истанбул.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...