5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОд изборната комисија велат дека нема Бугарски воз, се работело за недоразбирање...

Од изборната комисија велат дека нема Бугарски воз, се работело за недоразбирање кога битолчанка си донела ливче од дома и го ставила во кутијата.

Претседателката на битолската Општинска изборна комисија Весна Томовска вели дека на избирачко место 102 во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола поништено е едно гласачко ливче, зашто жената која гласала во гласачката кутија ставила обично ливче кое го донела од дома, а гласачкото го оставила зад параванот. Избирачкиот одбор го евидентираше ова, се поништи гласачкото ливче, се заведе во записникот и увид изврши полицијата, по што гласањето продолжи без проблеми; – Избирачки кутии во Битола.

Во Битола нема гласање наречено бугарски воз, децидни се од Општинската изборна комисија (ОИК) по веста што беше објавена на некои медиуми за ваква нерегуларност на едно од избирачките места во градот.

Претседателката на ОИК Весна Томовска вели дека на избирачко место 102 во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола поништено е едно гласачко ливче, зашто жената која гласала во гласачката кутија ставила обично ливче кое го донела од дома, а гласачкото го оставила зад параванот. Избирачкиот одбор го евидентираше ова, се поништи гласачкото ливче, се заведе во записникот и увид изврши полицијата. По ова, гласањето на ова избирачко место продолжи без проблеми.

Ваков случај не е пријавен ни во СВР Битола.

Ж. ЗДРАВКОВСКА СДК.МК)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...