8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНезависна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бара оставка од Мицкоски !!!

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бара оставка од Мицкоски !!!

Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата и се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна Зора, реагира во соопштение до јавноста независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

„На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество“, се наведува во нивното соопштение.

Тие го повикаа Мицкоски да си поднесе оставка.

„Срамно е немањето на доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе и се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправудавањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој и го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО“,продолжува понатаму во соопштението.

Од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ прават споредба со парламентарните избори во 2016 година и велат дека „поради нечесните политики“ на Мицкоски партијата изгубила значителен број гласови.

„Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како „даскал“, ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ. Во нашата партија има чесни поддржувачи, членови, активисти. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ , ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш“, се вели во соопштението.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...