5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Забраните ќе се вратат само ако се преполнат болниците, ако ги...

Филипче: Забраните ќе се вратат само ако се преполнат болниците, ако ги почитуваме мерките бројот ќе се намалува

Единствена дополнителна мерка што може да дојде предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе рестрикција на движењето, се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо со Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.

Филипче рече дека ние сме една од ретките земји што целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува“, рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...