13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе се затвораат ноќните клубови во Македонија бидејќи не им работи свеста...

Ќе се затвораат ноќните клубови во Македонија бидејќи не им работи свеста на луѓето велат од Пазарниот инспекторат.

Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ не смеел воопшто да работи бидејќи е регистриран како ноќен клуб, а не кафуле. Поради пандемијата на ковид-19 сѐ уште нема дозвола за работа на ноќните клубови, туку само за кафулиња и ресторани.

Викендов во „Аватар“ се одржуваа концерти на кои, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, ниту еден од присутните не носи маски. Од Пазарниот инспекторат велат дека во петокот извршиле контрола во овој клуб и биле регистрирани неправилности, по што направен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава.

„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости“, вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

Пауновски вели дека отсега дирекно ќе ги затвараат локалите кои работат без дозвола, бидејќи не можат да излезат на крај со газдите.

„Граѓаните немаат свест. Нашите инспектори постојано се под притисоци и закани. Во Струмица праќаме инспектори од Скопје, оти на тамошните им се закануваат газдите на клубовите. Така е и во другите градови. Ние не можеме да ги казнуваме граѓаните кои не носат маски, тоа треба да го прави полицијата, а таа пак не доаѓа секогаш со нас на интервенции. Затоа, од денес веднаш ќе ги затвораме сите објекти каде ќе бидат констатирани неправилности“, додава Пауновски.

Забавата со жива свирка и 600 гости во клубот „Аватар“ се одржа кога во земјава беа регистрирани рекордни 241 нови случаи на ковид-19, а починаа 8 лица.

А. АНТЕВСКА СДК.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...