13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАкцизата за бензните се намалува за еден денар. За дизелот останува иста.

Акцизата за бензните се намалува за еден денар. За дизелот останува иста.

Акцизата за бензните се намалува за еден денар. За дизелот останува иста. Регулаторната комисија за енергетика информира дека заради растот на цената на бензините на светските берзи, исполнети се условите за намалување на акцизата. Во април, Владата донесе уредба со законска сила со која оваа давачка се зголеми за три денари. Целта беше да се зголемат приходите во буџетот во услови на корона криза. Со одлуката се предвидува таа да се намалува за еден денар како што расте цената на светските берзи. Цената на дизелот се уште не е доволно висока за акцизата да се намали и за ова гориво.

Разликата во денари е 10 денари кај бензините, 9 кај дизелот.

Вкупното намалување на бензините до ноќеска на полноќ ќе изнесува денар и половина и сега 95 ќе чини 60, а 98 62 денари за литар. Дизелот ќе чини 53 денари за литар.

Регулаторна идната недела ќе дефинира кога ќе има и нова цена за струјата. Промената беше одложена во предизборниот период. Бислимовски вели дека приходите кај енергетските компании се намалени, но ако има потреба повторно ќе препорачаат да нема исклучување.

Иднта недела ќе се одлучува и за новата цена на парното.

сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...