6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо домот за стари лица „Астреон“ има 10 позитивни на Ковид-19

Во домот за стари лица „Астреон“ има 10 позитивни на Ковид-19

Седум штитеници на домот за стари лица „Астреон“ се позитивни на корона вирусот, а има тројца вработени кои исто така се регистрирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорката на Центарот за јавно здравје Штип, д-р. Марија Димитрова, која заедно со епидемилогот д-р. Светлана Живкова направиле увид во оваа установа.

– Центарот за јавно здравје Штип зема брисеви на овие веќе потврдени лица, заразени со корона вирусот по индикација. Оттаму имаат пратено дополнителни тестови за персоналот преку други пунктови. Тројца од вкупно десетте кои имаат Ковид-19 се хоспитализирани, а останатите веќе се изолирани и постојано им се следи здравствената состојба, односно им се мери температура и сатурација, појаснува за Фактор директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Димитрова.

Оние пациенти кои имаат потешка клиничка слика, односно покачена температура и пневмонија, веќе се префрлени во болниците во Штип и во Скопје.

Директорот пак на Клиничката болница-Штип, д-р. Ален Ѓеорѓијев, потврди дека од домот за стари лица “Астреон“, од вкупниот број на заболени кои се позитивни на вирусот Ковид 19, двајца од нив имаат потреба од хоспитализација.

– Едниот пациент е на возраст од 76 години, а другиот на 84 годишна возраст. Едниот од нив е со потешка клиничка слика, поради што е потребна кислородна подршка. Нивната здравствен состојба зазега не укажува дека е потребно да бидат ставени на респираторен апарат, вели д-р Ѓеорѓијев.

Веднаш по направениот увид, од Центарот за јавно здравје-Штип, на управата на домот за стари лица „Астреон“ им се дадени мерки и понатамошни инструкции, односно според протоколите треба да се одржува социјалната дистанца, да се дезинфицира целиот простор, да се изолираат сите лица што се заразени, а укажано е и каква терапија да им се дава ако некои од нив покажат симптоми.

Инаку, засега ниту еден од вкупно 32 штитеници во оваа установа, немаат симптоми на Ковид-19, а според менаџментот на „Астреон“ нултиот преносител на заразата со коронавирусот била хигиеничарката, која пак се заразила од сопругот, надвор од установата.

А.Б. Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...