9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија10 починати, 96 нови случаи од 724 тестирања, дали започнаа црните сценарија...

10 починати, 96 нови случаи од 724 тестирања, дали започнаа црните сценарија во Македонија???

spot_imgspot_img

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4297, активни 1880
• Куманово 912, активни 226
• Дебар 173, активни 111
• Штип 606, активни 300
• Прилеп 312, активни 59
• Тетово 951, активни 299
• Струга 370, активни 188
• Велес 206, активни 30
• Битола 89, активни 44
• Охрид 244, активни 129
• Кавадарци 29, активни 17
• Гостивар 298, активни 196
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 22
• Крива Паланка 23, активни 9
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 90, активни 22
• Пробиштип 43, активни 27
• Демир Хисар 15, активни 13
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 200, активни 185
• Кичево 100, активни 81
• Ресен 140, активни 56
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 724 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -1, Жан Митрев (Филип Втори)-125, Систина со PCR метода -94, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-16, ГАК-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 291
• Аеродром – 189
• Бутел – 140
• Гази Баба – 207
• Центар – 162
• Карпош – 168
• Сарај – 115
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 104
• Арачиново – 34
• Илинден – 22
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 14
• Сопиште – 20
• Зелениково- 11
• Странец – 7
• Нераспределен- 0

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...