16 C
Ohrid
понеделник, октомври 26, 2020
Почетна Македонија Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд...

Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг.

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК.

– Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг. Отсекогаш сум се залагал за неселективна правда и им стојам на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ, пишува Ахмети на ФБ.

Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.

РЕКЛАМА

Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи.

Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директорот Инфорамативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК.

tv24.mk

- Реклами -