5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЕксклузивна фотографија: Со амбулантно возило на Брза помош, од Охрид за Скопје...

Ексклузивна фотографија: Со амбулантно возило на Брза помош, од Охрид за Скопје во моментов се префрла единаесетгодишното момче со церебрална парализа..

Со амбулантно возило на итната медицинска помош, од Охрид за Скопје во моментов се префрла единаесетгодишното момче со церебрална парализа, кое институциите на системот го игнорирале со денови откако двајцата родители го напуштиле и го оставиле во рацете на познаник кој ниту знаел каква терапија прима, ниту како да се грижи за пациент со ваква тешка дијагноза.

На социјалните мрежи граѓаните вриеа со лавина коментари со што ги осудија институциите, кои си ја префрлаа топката за тоа кој бил должен да го згрижи момчето. Иако Министерството за труд и социјална политика соопшти дека детето е преземено од социјалните служби и дека е згрижено испадна е дека тоа е голема лага со што револотот на граѓаните стана се поголем, при што Министерството за Труд и социјала ја изгуби довербата кај граѓаните.

На детската клиника во Скопје, медицинска екипа во моментов подготвува соба во одделот за изолација, каде ќе биде сместено младото момче, кое со денови не се хранело со ништо друго освен со една чаша млеко, дознава Слободен Печат.

Министерот за здравство Венко Филипче, по објавата на сторијата на „Слободен печат“  Шило Магазин и останатите колеги- Новинари лично се заинтересира и испрати екипа на брза помош да го земе момчето со претходна согласност од оние што го чуваат, за да му бидат извршени сите медицински прегледи кои му се неопходни на Клиниката за детски болести во Скопје.
Слободен Печат Мирослава Бурнс.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...