14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИлинден ќе се прославува на дистанца од два метра и задолжително носење...

Илинден ќе се прославува на дистанца од два метра и задолжително носење на заштитна респираторна маска.

Манифестациите за одбележување на празникот Илинден во Пелинце, Крушево и во Скопје ќе се одржат под посебни услови согласно протоколите за заштита од КОВИД-19 што ги усвои Владата. Почитување на дистанца од два метра, носење заштитна опрема, заградување на просторот каде ќе се одржуваат манифестациите со поставување столчиња заради запазување на потребната дистанца, обезбедување редарска служба која ќе контролира спроведување на мерките се дел од протоколите.

Според владиниот заклучок од 76. седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот треба да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Mинистерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија, што вчера го усвои Владата.

Протоколите предвидуваат поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.

-При превоз на учесниците до местото на настанот да се почитуваат протоколите за превоз на патници изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Влада на РСМ, со максимум 3 лица во патничко возило односно 50 проценти од капацитетот на автобус/минибус. Задолжително носењето на лична заштита на лицето на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација. Задолжително одржување физичка дистанца од два метра на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, стои во протоколите што вчера ги усвои Владата.

Исто така, треба да се огради просторот на локацијата каде ќе се одвива настанот и да се организира редарска служба со цел да се спречи неовластено влегување и обезбедување физичката дистанца од два метра.

Бројот на лица да се ограничи на максимум 50 проценти од капацитетот на оградениот простор во кој ќе се постават столчина за седење на растојание од најмалку два метра. Треба да се постават јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, но и да се обезбеди редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на мерките во просторот каде се одржува настанот.

Протоколите предвидуваат поставување дозери со средства за дезинфекција на рацете при влез и излез, како и на неколку места во оградениот простор на настанот. Треба да се обезбедат мобилни хемиски тоалети зависно од бројот на учесници на настанот, како и медицински екипи со санитетско возило согласно бројот на учесници а настанот. Се забранува служење и поставување штандови со храна и пијалоци. Се дозволува само служење на оригинално пакувана вода.

При полагање на венците и свежо цвеќе треба да се почитува препорачаното растојание од два метра помеѓу членовите на делегацијата. Помеѓу две делегации кои положуваат цвеќе на спомен обележјето да се обезбеди временско растојание од две минути.

Гардистите задолжително треба да носат заштитна маска. Во културно-уметничкиот дел на одбележување на настанот не се препорачува учество на хорови, играорни групи, дувачки оркестри. Државната химна се препорачува да ја отпее едно лице без учество на пропратни вокали.

По завршување на настанот се препорачува напуштање на локацијата на организиран начин. По завршување на настанот се забранува групирање на повеќе лица во угостителски или други објекти.

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...