6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласија родителите на Ангела, осудена за помагање во убиството на Пино...

Се огласија родителите на Ангела, осудена за помагање во убиството на Пино (ВИДЕО)

Долго време молчевме, сега решивме да проговориме, казната од 19 години затвор за нашата ќерка Ангела е превисока, велат пред камерата на Алфа родителите на осудената Ангела Ѓорѓиевска која според пресудата му помагала на убиецот на Пино Секондо.

Според нив, немало докази дека Ангела е виновна за тоа што е осудена, велат ќе ја обжалат пресудата на Апелација.

Мајката вели дека не е вештачен телефонот на нејзината ќерка, како и дека имало уште многу работи да се истражуваат пред да се донесе пресудата за 19-годишна затворска казна. Вели верува во правда во Македонија, но правдата била селективна.

Мајката на починатиот Пино пак, е незадоволна од пресудата. Во интервју за медиумите вели дека ако има правда, за Ангела требало да има доживотен затвор.

Очекувавме, ако веќе зборуваме за правда, доживотен затвор. Не може да одземеш нечиј живот, да си го дозволиш тоа право, и да поминеш вака… Ова е само еден лош пример, еден вид на поттик на потенцијалните убијци, на криминалците… Зошто нема доживотна казна за вакво дело? Зошто не се менуваат законите во Македонија, зошто ова не се искористи како пример за другите, за во иднина некој добро да размисли пред да крене рака, пред да одземе нечиј живот?- прашува Маја.

Според судската пресуда, Ѓорѓиевска е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, како што покажуваат доказите, го извршил Али Фуркан кој се уште е во бегство.

Пино беше убиен на 11 декември 2018, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...