13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаБил Гејтс: Вакцината за корона ќе треба да ја примите два...

Бил Гејтс: Вакцината за корона ќе треба да ја примите два пати а постарите може и трипати

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс изјави дека кога ќе се појави вакцина против коронавирус постарите лица ќе мора да примат и повеќе од две дози.

Трката за вакцина против коронавирусот и понатаму трае, но по сè се чини дека едно вакцинирање нема да биде доволно за заштита.

Новинарка од Си-би-ес њуз го прашала Бил Гејтс колку дози од вакцината ќе ни бидат потребни.

„Во моментов се чини дека ниту една од вакцините што се прават нема да биде доволна за заштита во една доза. Тоа беше надеж уште на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна позитивно ќе нè изненадат. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постари лица, тие можеби ќе треба да примат повеќе од две дози“.

Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше дека лековите за ковид-19 и потенцијална вакцина ќе бидат достапни на државите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној кој најмногу ќе плати“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

„Ако едноставно дозволиме лековите и вакцините да отидат кај оној кој најмногу ќе плати, наместо на луѓето и местата каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија“, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката објавена за време на виртуелната конференција на тема за коронавирусот организирана од Меѓународното друштво за борба против СИДА.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...