5.4 C
Ohrid
четврток, ноември 26, 2020
Почетна Македонија Васил ја опишува средбата со семејството на Емилија, жената која го донираше...

Васил ја опишува средбата со семејството на Емилија, жената која го донираше своето срце за да го спаси животот на неговиот татко Иван !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Пред неколку месеци, цела држава зборуваше за хуманиот потег со кој се спаси еден човечки живот, а главен херој кој за жал не е повеќе помеѓу нас е Емилија Динева.

Емоции од кои целото тело ти затреперува, ти се одзема здивот, гласот, очите се полнат со солзи, не знаеш што да кажеш… Затоа, се прегрнавме, прегратката зборуваше за се што чувствуваме во тој момент, при првата средба со Влатко, синот на Емилија, чие срце сега чука во градите на татко ми – вака за „Фокус“ ја опишува првата средба со семејството Диневи, Васил Огњановски, синот на Иван од Скопје, кому му беше извршена првата трансплантација на срце во Македонија.

РЕКЛАМА

Со семејството на Емилија, донор на срцето, за прв пат се сретнале минатиот викенд, во Дојран. Ја договориле средбата, но сепак, како што раскажува Васил, и покрај тоа што неизмерно се радувал и бил возбуден бидејќи ќе ги сретне, емоциите надвладеале.

-Пристигнав во Дојран, Влатко дојде да ме пречека. Премногу емотивно беше, немам зборови да опишам. Само се прегрнавме, и без да кажеме збор, знаевме се.

 

Ние сме браќа сега, срцето на неговата мајка го спаси мојот татко, како најпрецизно да се опише една таква ситуација, посебно во нашата земја, каде сето ова е нешто ново…

Кај Диневи останав за викендот, сопругот на Емилија, нејзината ќерка, внучето Лука, сите ние бевме преплавени од емоции. Кога влегов во домот на Емилија, она што ми остави впечаток, беше некое чудно чувство, како да ме преплави некоја топлина, како да ме обли некоја светлина… Никогаш не сум се почувствувал така.

 

Како таа да беше покрај нас, како да ја чувствував како не благословува сите, дека е горда на семејството кое во најтешките моменти направи подвиг достоен за најдлабок поклон- со растреперен глас раскажува Васил.

Тој додава дека неговиот татко Иван се наоѓа дома, добро се рехабилитира по тешката операција, но поради состојбата со корона вирусот мора да се пази, па поради тоа ја одложил средбата со Диневи.

 

-Секако дека и татко ми ќе се сретне со ова неверојатно семејство, нашето пријателство никогаш нема да згасне. Ќе има многу средби, дружби, убави моменти во иднина. Ние сме поврзани меѓусебно на еден начин, како ретко кој.

Планирам да стапам во контакт и со пациентката која го доби бубрегот на Емилија, па трите семејства заедно да организираме средба, секако, кога ќе се стиша пандемијата. Да упатиме една силна порака до јавноста, дека свеста за донирањето на органи мора да оди на повисоко ниво – појаснува Васил.

Целата сторија може да ја проседите на Фокус.мк

- Реклами -