5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаХакерите најавија дека следна цел им се извршителите во Македонија

Хакерите најавија дека следна цел им се извршителите во Македонија

Анонимните хакери од земјава најавија преку „Твитер“ дека следна цел им се извршителите, пренесе Макфакс.

„Немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е! Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.

Откако утрово беше хакирана веб страната на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле маил серверот на здравство, туку направиле екстракт на мејловите.

„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.

Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата. Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк.

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...