11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридОхрид преплавен од туристи: Охриѓани мака си мачат со туристите кои не...

Охрид преплавен од туристи: Охриѓани мака си мачат со туристите кои не носат маска, а тоа се гостите од Србија и Бугарија..

Охрид деновиве е преплавен од огромен број туристи. Најмногубројни се од Скопје, но, како што велат самите охриѓани, тие се практично дома зошто таму имаат свои куќи и станови, па дури и не ги сметаат за турист. Најмногубројни од странските, се дојдени од Србија и од Бугарија, но во разговор за Фактор, епидемиологот од Центарот за Јавно здравје Охрид, д-р. Јованка Коровешовска вели дека тие се крајно недисциплинирани, бидејќи ниту во хотелите каде што претстојуваат, ниту пак надвор од нив, не ги почитуваат здравствените протоколи.

-Сè е џабе кога келнерите, собарките, целиот персонал во хотелот ги почитува мерките за заштита, кога гостите не се однесуваат според утврдените протоколи. Ги опоменуваат, по сто пати им укажуваат дека мора да ги носта маските, но без успех. И покрај она познато правило дека гостинот е секогаш во право, во овој случај, во време на епидемија кога се обидуваме со сите сили да го намалиме бројот на заразените, да ја сузбиеме болеста, не се во право. Имав еден случај со двајца Бугари, кои пред да си одат мораа да направат ковид-тест. Резултатите покажаа дека се позитивни, што да се направи повеќе не знам. Па потоа, мораше да ги бараме нивните контакти, каде се се движеле, за да спречиме ширење на заразата, вели д-р. Коровешовска.

Таа појаснува дека бугарските туристи пред да се вратат во матичната земја, кога доаѓаат од земја со висок ризик, како што е Македонија во моментов, мора да имаат ПСР тестови. Доколку се покаже дека се позитивни, како што вели, во својата земја одат во задолжителен карантин.

-Со полициска придружба ги испраќаме до граница, а оттаму ги преземаат нивните служби. За да се вратат назад мора да се тестираат, а за да дојдат тука не им треба корона-тест. Лично, како епидемиолог сметам дека секој што сака да престојува во Македонија мора да дојде со негативен тест. Таков е случајот со Србија и добро е што е така, зошто тука тие туристи воопшто не водат сметка за носење маски. Нивните резултати ми стигнуваат на мејл и имаме увид, но со самото тоа што не ги почитуваат протоколите, претставуваат ризик и за себе и за другите, појаснува д-р. Коровешовска.

Денеска во Охрид и во Струга има пет случаи позитивни на корона вирусот, но се уште не се стигнати резултатите од ниту една приватна лабораторија, заради што д-р. Коровешовска очекува бројот да биде и поголем.

А.Б. Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...