10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаАлбанска платформа каде се исклучени сите други националности-Тоа е европскиот пат

Албанска платформа каде се исклучени сите други националности-Тоа е европскиот пат

Откако не успеа идејата на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги собере албанските партии на заедничка средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците. На предвремените парламентарни избори партиите на Албанците во Македонија добија 32 од 120 пратенички места во Собранието. Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави денеска Бујар Османи за ТВ21.

„1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

 

За време на предизборната кампања коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива идејата на ДУИ за прв премиер Албнец е маркетиншки трик за да се привлечат повеќе гласови. По изборите од оваа коалиција најпрво велеа дека нема шанси за каква било заедничко влегување во коалциија со ДУИ за собраниско мнозинство, за да денеска претставници на АА кажат дека не ја исклучуваат можноста да учествуваат во влада со ДУИ.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...