5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај забраните за концери и други забави, организаторите на концертот во...

И покрај забраните за концери и други забави, организаторите на концертот во Охрид кажуваат дека ќе биде безбедно и дека добиле зелено светло од надлежните инспектори и полицијата.

По денешната објава во ,,Фокус” дека наредниот викенд во Охрид, на стадионот Горица ќе се одржат концерти на Аца Лукас, Сандра Африка, Дарко Лазиќ и други турбо фолк музичари од соседството, во нашата редакција се обрати организаторот на настаните. Вели дека сака да и појасни на јавноста дека се ќе биде според законските процедури, и нема место за загриженост бидејќи ќе се почитувале сите мерки за заштита.

Охриѓанецот, кој се претстави како Жанко, тврди дека има ноќен клуб (Awake) во Охрид, и како за организацијата на концертите уредно пријавил во МВР, а исто така добил и зелено светло од надлежните инспектори, кои му кажале дека мора да се придржува на објавите во Службен весник и да ги запази сите мерки.

-Сакам на македонската јавност, која бурно реагираше по повод најавените концерти, да и кажам дека сите ние работиме за профит, но во никој случај не би го загрозиле здравјето на публиката. Станува збор за настан организиран на отворено, на голем стадион. Планирани се околу 1.500 посетители, на 400 маси за стоење, најмногу по 4 лица на маса. Помеѓу масите има растојание од три метри, нема партер, нема да има турканици. Ангажиравме 60 лица кои ќе се грижат за почитување на мерките за време на сите настани. Значи, се доаѓа со резервација, ќе нема гужви и турканици – појаснува организаторот.

Додава дека ги сфаќа нашите музичари кои реагираа, поради одлуката да се прават концерти на пејачи од соседството, и вели дека покрај српските пејачи, ќе се одржи концерт и на Слаткар и 2Бона.

-Изборот на пејачите е таков, бидејќи тоа се музичари кои можат да го наполнат стадионот, да соберат публика. Планирани ни се повеќе настани, сакаме јавноста да знае дека се ќе биде според законските процедури- вели Жанко.

По објавата во ,,Фокус” за концертот на Лукас, следуваа многу негативни реакции од јавноста, која смета дека еден ваков концерт е голем ризик во време на пандемија.Исто така, и нашите музичари реагираа бидејќи во време на криза се одлеваат финансии кај странски пејачи, додека нашата естрада едвај успева да преживее. На својата официјална страница се огласи и Лукас, кој порача дека го откажува концертот. И се извини на публиката, со зборови дека не сака некој да се зарази на неговиот настап, но и на нашите музичари кои поради кризата не работат со месеци.

Од организацијата по повод објавата на Лукас велат дека без оглед на тоа дали тој ќе настапи или не, нивната цел била да и појаснат на јавноста дека се работи за безбедни настани, организирани според сите протоколи.

В.К.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...