5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците од септември ќе плаќаат повисока цена за струјата, причината била корона...

Македонците од септември ќе плаќаат повисока цена за струјата, причината била корона вирусот.

Поскапува струјата од септември. За колку, се уште се преговара со енергетските компании. Сите пријавиле зголемени трошоци, а колку ќе им се признаат, во петок ќе одлучи Регулаторната Комисија за енергетика. Корона кризата драстично ја намали потрошувачката на струја, не само кај нас, туку и во регионот, што негативно се одрази врз приходите на државните МЕПСО и ЕСМ. Со тоа, според првиот човек на Регулаторна, доведено е во прашање нормалното функционирање на енергетските компании. Изјавата на Бислимовски ја наговестува корекцијата на цената на струјата нагоре.
-Нема продажба на вишокот електрична енергија од Електрани на Северна Македонија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, изјави Марко Бислимоски.

Цената на електричната енергија, согласно Правилникот се утврдува еднаш годишно, до 30 јуни. Но поради вонредната состојба – рокот се пролонгира по барање на енергетските компании кои требаше да достават веродостојни пресметки, со издржани трошоци. За да бидат одлуките реални, но и за да се заштитат граѓаните кои ја плаќаат крајната цена, Регулаторна одлучи новите цени да стапат на сила по изборите, односно да се вкалкулираат во септемвриските сметки.
сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...